„Меtа“ тестира како да заработиме пари во виртуелната реалност

74

Сопственикот на Facebook, Meta Platforms почнува да тестира алатки за продажба на дигитални средства и искуства во платформата за виртуелна реалност Horizon Worlds, соопшти компанијата, цитирана од Ројтерс.

Според плановите, алатките за кои станува збор првично ќе бидат достапни за однапред избран сет на корисници кои креираат виртуелни часови, игри и модни додатоци во рамките на платформата на компанијата, до кои ќе бидат достапни преку VR очила.

Со користење на една алатка, избраните корисници ќе можат да ги продаваат своите додатоци или да понудат платен пристап до специјализираниот дигитален простор што го создале.

Меtа моментално тестира програма за „бонус за креатори“ за мал сет на корисници на Horizon Worlds во Соединетите држави, кои ќе им плаќаат на учесниците секој месец да ги користат новите функции што ги лансира компанијата.

„Сакаме да создадеме многу големи светови, а за да се случи тоа, мора да има многу креатори кои можат да заработат за живот и да го направат тоа нивна професија“, рече извршниот директор Марк Цукерберг во интервју со корисници на Horizon Worlds, спроведен со помош на аватари.

Мајката компанија на Facebook, која го промени своето име во Меtа минатата година, инвестира многу во виртуелна и проширена реалност за да го одрази својот нов удел во метаверзумот – футуристичка идеја за мрежа на виртуелни средини достапни преку различни уреди каде што корисниците можат да работaт, комуницираaт и играaт игри.