МГ Фешн: На Холидеј Ин се проектира урбан и зелен комплекс и објекти со тројно намалена катност

140

Со оглед на фактот што во медиумите во континуитет се споделуваат макети – разни визуелизации на проектот којшто е предвиден да се гради на парцелата спроти Холидеј Ин, а дополнително на социјалните мрежи почна да циркулира онлајн Петиција против изградба на висококатници на парцелата спроти Холидеј Ин, од МГ Фешн сакаат да ја информираат јавноста дека работат на подготовка на презентација на проектот којшто во текот на следната недела ќе го претстават на организиран настан со медиумите.

“На презентацијата точно, вистинито и целосно транспарентно ќе информираме за отпочнување на процесот на изградба на комплексот. Визуелизациите кои се споделуваат на интернет и со кои се подгрева отпор кон проектот ни одблиску не кореспондираат со реалниот проект, неговата вистинска слика и вредност. Сосема спротивно на она што се споделува, станува збор за модерен, целосно еколошки и енергетско ефикасен проект, изработен според највисоки еко стандарди и согласно сите законски прописи во земјата. Наспроти 60-катните бетонски облакодери за кои претходно се информираше во јавноста, а кои воедно ги дозволува актуелниот ДУП за Градска Четврт Ц08, предвиден е урбан комплекс со многу јавно зеленило и објекти со тројно намалена катност од дозволената, каде ќе се применат најсовремени материјали и дизајн, достоен за 21 век“, стои во соопштението

Оттаму велат дека остануваат достапни и целосно отворени за соработка со медиумите. Во интерес на фактите и вистината велат дека сакаат да ја информираат јавноста за комплексот онаков каков што тој навистина ќе биде.

Фото: Pexels