Ми Да со специјална Новогодишна понуда

33

Ford_NY_Во пресрет на празниците и прекрасната новогодишна атмосфера, Ми Да Гранд Моторс, ексклузивниот импортер за Ford во Македонија, за сите потенцијални купувачи овозможи специјална новогодишна понуда.

“Најмагичниот месец во годината, декември, го посветуваме на единствената Fiesta која е најмодерното, а воедно и најпродаваното мало возило во Европа. По тој повод подготвивме празнична кампања во која секој кој ќе се одлучи за новата Fiesta може да одбере помеѓу бензински или дизел мотор со Тренд ниво на опременост и новогодишни цени. Привилегијата е во тоа што возилото може веднаш да го подигнете и да одберете еден од вредните подароци кои следуваат”, велат од компанијата.

Во текот на овој празничен период, за секоја нова Fiesta купувачите можат да бираат помеѓу iPad Air, 300 литри гориво или алуминиумски фелни со зимски гуми како подарок.

Со оваа понуда сите кои сакаат да купат нов автомобил во Ford добиваат најмногу, а со тоа и можност да изненадат некој од своите најблиски.