Фото: Jimmy Choo
Американската компанија Michael Kors Holdings го купува луксузниот производител на чевли Jimmy Choo за 896 милиони фунти, пишува BBC. Според условите на договорот, Jimmy Choo ќе биде во целосна сопственост на Michael Kors.
За британската компанија којашто беше ставена на продажба во април годинава заинтересирани беа голем број купувачи. Освен чевлите, Jimmy Choo произведува и други луксузни стоки, но последниве години забележа намалена продажба.