Microsoft го гаси MSN Messenger на 31 октомври

103

msg-messenger

По цели 15 години, компанијата Microsoft ќе ја згасне услугата за допишување MSN Messenger, а сите корисници ќе ги префрли на Skype. Крајот на MSN Messenger е закажан за 31 октомври.

Оваа услуга на Microsoft беше еден од главните начини на комуникација на луѓето ширум светот. Преку MSN Messenger се разменуваа документи, фотографии и различни содржини, но сепак не успеа да се избори со појавата на социјалните мрежи и другите апликации за on line разговори.

MSN Messenger беше лансиран во 1999 година, по што со текот на времето нудеше напредни верзии со дополнителни содржини како што се игри, слики со емоции и можноста за “тресење“ на прозорчето за разговор. Во текот на 2005 година, Microsoft направи ребаланс на MSN Messenger во Windows Live Messenger и имаше повеќе од 330 милиони активни корисници на месечно ниво.

MSN Messenger е креиран пред Gmail, My Space, Facebook, WhatsApp, Snapchat, Twitter и Instagram.