Microsoft го купи сервисот Genee

12

Genee-Logo

ИТ компанијата Microsoft објави дека го презеде сервисот за закажување деловни состаноци со помош на вештачка интелигенција, Genee.

Genee стартуваше пред две години со цел на пазарот да му понуди средство за полесно договарање на состаноци или промена на термин на веќе договорен состанок. Сервисот е многу ефикасен за договарање на поголеми групи или кога немате пристап до нечиј календар. Сервисот користи природна обработка на јазикот и оптимизирани алгоритми за донесување одлуки, па интеракцијата со овој виртуелен асистент е иста како со човек. Во состојба е да закажува состаноци во календарот и комуникацијата да ја води преку електронска пошта, стои во соопштението.

Финансиски детали за аквизицијата не се објавени. Microsoft најави дека сервисот ќе го интегрира во својата Office 365 услуга.