Microsoft го купува бизнисот со мобилни телефони на Nokia за 7 милијарди долари

43

microsoft_and_nokia_0Microsoft објави дека го купува одделот на Nokia за паметни уреди и услуги за кој ќе плати скоро пет милијарди долари и уште 2,2 милијарди долари за правата за патентите на Nokia. Според договорот, Microsoft ќе ги преземе 32.000 вработени во Nokia, а во американската компанија ќе се префрли и извршниот директор Стивен Елоп. Елоп е едно од имињата кое се споменуваше како потенцијален наследник на извршниот директор на Microsoft, Стив Балмер, кој најави дека ќе се повлече за една година, пишува Бизнис инсајдер.

“Ова е храбар чекор кон иднината, вин-вин за вработените, акционерите и корисниците на двете компании. Спојувањето на двата одлични тимови ќе го зголеми уделот и профитот на Microsoft во делот со мобилни телефони. Возбудени сме и почестени што во Microsoft фамилијата од Nokia доаѓаат прекрасни луѓе, технологии и средства”, изјави Балмер, стои во соопштението издадено за медиумите.

Трансакцијата би требало да биде готова во првиот квартал од 2014 година, откако ќе ја одобрат акционерите на Nokia и регулаторните тела.

Спојувањето на Microsoft и Nokia не е големо изненадување. Nokia е единствениот произведувач кој ексклузивно го користи Windows Phone 8 оперативнииот систем на своите паметни телефони. Lumia телефоните на Nokia се најдобро продаваниот производ. Компанијата продаде 7,4 милиони уреди во последниот квартал.

Во меѓувреме, Microsoft се бори за удел на пазарот со Samsung и Apple, кои и понатаму доминираат.