Microsoft го купува LinkedIn за 26,2 милијарди долари

39

microsoft

Технолошкиот гигант Microsoft најави дека ја купува професионалната социјална мрежа LinkedIn за 26,2 милијарди долари, стои во официјалното соопштение.

Microsoft ќе плати по 196 долари за акција на LinkedIn. Главниот и извршен директор на оваа социјална мрежа, Џеф Вејнер, останува на својата функција и понатаму и во целост ќе му рапортира на Сатја Надела, главен и извршен директор на Microsoft.

“Тимот на LinkedIn прерасна во фантастичен бизнис за поврзување на професионалци ширум светот. Заедно може да го забрзаме развојот на LinkedIn, како и на Microsoft Office 365 и Dynamics поради нашата цел да го поддржиме секој човек и организација на планетата“, изјави Надела.

Договорот меѓу Microsoft и LinkedIn се очекува да се финализира на крајот на оваа година, а ќе биде предмет на одобрување на акционерите на социјалната мрежа, како и на одредени регулаторни тела што треба да издадат своја согласност.