Microsoft го укинува системот за евалуација на вработените

37

FeedbackКомпанијата Microsoft одлучи да ја прекине досегашната праксата на оценување на вработените по системот познат како stack ranking. Во писмото што шефот на одделот за човечки ресурси го испрати минатата недела до сите вработени, стои дека компанијата досега применуваната контроверзна метода на оценување ќе ја замени со нов и пофлексибилен систем кој треба да ја поттикне тимската работа и колаборацијата. Акцентот се става на развој на вработените, употреба на идеите создадени во тимот и на придонес на напредокот на вработените. Наградите за добро завршена работа менаџерите ќе можат да ги распределат на начин кој најдобро ги рефлектира перформансите на тимовите и поединците, стои во интерниот допис.

Методата што досега беше спроведувана, беше многу критикувана. Менаџерите преку целата година ги оценуваа вработените, при што бројот за тоа колку ќе бидат одлични, добри и лоши беше однапред определен. Вработените ги иритирало и тоа што освен претпоставените менаџери, ги оценувале и менаџери кои малку или воопшто не биле запознаени со нивната работа.

Слична пракса на евалуација на вработените спроведуваат и Yahoo, Amazon и Facebook, секоја компанија со сопствен систем.