Microsoft инвестира милијарда долари во компанија на Маск

40

Американскиот технолошки гигант, Microsoft вложува една милијарда долари во компанија чиј сопственик е Илон Маск.

Како што информира CNBC, Microsoft ќе инвестира заради развој на технологија за вештачка интелигенција што ќе може да решава комплексни задачи.

Фирмите заедно ќе развиваат нова технологија на платформата Azure AI на Microsoft, а тој ќе биде ексклузивен провајдер на услуги во облак на Open AI.

“Модерните системи за вештачка интелигенција добро функционираат кога е во прашање специфичен проблем за којашто има обука, но и за добивање систем за вештачка интелигенција што ќе помогне во решавање на некои од најтешките проблеми со коишто денес се соочува светот, па ќе биде потребна генерализација и користење на AI (Artificial intelligence – вештачка интелигенција) технологии“, велат од двете компании.

Фото: Pixabay