Microsoft ја купува Nuance за 19,7 милијарди долари

39

Mocrosoft  ја купува компанијата Nuance која е креатор на виртуелниот асистент Siri, за 19,7 милијарди долари.

Компанијата ќе плати 56 долари по акција во зделка за готовина. Договорот го вклучува нето-долгот на Nuance.

“Вештачката интелигенција е најважниот приоритет на технологијата, а здравството е нејзината најитна примена“, рече извршниот директор на Microsoft, Сатја Надела.

Договорот е втора најважна аквизиција за Microsoft по купувањето на LinkedIn во 2016 година, во вредност од седум милијарди долари. Трансакцијата се очекува да биде склучена оваа година.

Фото: Pixabay