Microsoft ја повлече рекламата во која го исмева новиот iPhone 5C

29

AppleSpoofMicrosoft590

Компанијата Microsoft мораше да повлече седум видеа во кои го исмева претставувањето на новиот iPhone 5C. Серијата видеа се вика “Мува на ѕидот во Купертино”, а во секое од нив го исмева новиот ајфон и неговите иновативни идеи. Microsoft ги повлекува видеата поради многубројните критики на јавноста.

“Овие видеа требаше да бидат невина шега за нашите пријатели од Купертино (седиштето на Apple). Но, кога почнаа да се сфаќаат многу сериозно, решивме да ги повлечеме”, соопштија од Microsoft.

Во меѓувреме, Apple ја лансира првата реклама за својот нов модел 5С, кој ќе биде пуштен во продажба на 20 септември и тоа во САД, Кина, Австралија, Канада, Јапонија, Сингапур, Франција и Велика Британија, а на пазарите на другите земји треба да се најде до декември.

iPhone 5C има екран од четири инчи, појака батерија, камера од осум мегапиксели, а ќе може да се купи во зелена, жолта, бела, сина и црвена боја. Во САД ќе биде достапен по цена од 99 долари (16 GB) и 199 долари (32 GB), со потпишување на двогодишен договор.