Microsoft ја враќа командата “Start”

65

windows-8-1-start-buttonMicrosoft потврди дека на унапредената верзија на својот оперативен систем Windows 8 ќе ја врати компандата “Start”. Но, командата ќе ги нема сите функции што ги имаше во претходните системи.

“Ја унапредивме навигацијата на командата “’Start” со помош на глувчето и ја заменивме со познатото лого на Windows. Новиот start се појавува секој пат кога со курсорот ќе прејдете во долниот дел од екранот и секогаш е видлив на таксбарот”, стои во соопштението.

Во сегашната верзија на системот Windows 8 командата start се појавува само кога корисникот со курсорот ќе помине преку долниот лев агол на екранот.

Корисниците жестоко го критикуваа Microsoft поради оваа иновација и многу компании коишто го купија новиот систем се жалеа дека им е отежната работата и дека мораат дополнително да ги обучуваат вработените.

Јавноста ќе има увид во новата верзија Windows 8.1 во јуни, а конечната верзија ќе биде готова пред крајот на годинава.