Microsoft креира дисплеј што не дозволува љубопитните да ѕиркаат во него

21

agolen profil microsoft

Оној момент кога работите на вашиот компјутер или пишувате порака на мобилниот телефон и некој непознат љубопитно ѕирка во екранот, наскоро ќе биде минато благодарение на новата технологија што ја развива Microsoft, пишува порталот Softpedia.com.

Патентот се однесува на систем на позадинско осветлување за екрани, којшто ќе го отежни гледањето во дисплејот на оние што не седат точно пред истиот.

Овој ефект се случува благодарение на аголниот профил на интензитет на светлината, за кој Microsoft тврди дека ќе ја обезбеди потребната приватност на голем број уреди, како што се лап топ компјутери, таблети, телефони и статични компјутери.

Иако новиот систем на Microsoft може да наиде на голем интерес во светот, треба да се истакне фактот дека ова не е прв пат во истражувачкиот кампус во Редмонд да се креира екран што треба да обезбеди поголема приватност на корисниците.