Технолошката компанија Microsoft лансираше телефон наменет за пазарите во развој, чија цена ќе биде само 20 долари, пишува порталот Digital Journal.
Станува збор за мобилниот телефон Nokia 105, којшто има 1,45 инчен LCD екран со класична тастатура. Телефонот тежи само 70 грама, а батеријата во режим на мирување може да трае и до 35 дена.
Овој телефон е наменет за оние луѓе кои имаат потреба од ваков уред, но немаат доволно финансии за да го дозволат.