Microsoft на вработените им исплаќа по 1.500 долари бонус поради пандемијата

111

Технолошкиот гигант Microsoft на своите вработени им исплаќа бонус од 1.500 долари поради пандемијата. Еднократниот бонус е “признание дека Microsoft ја заврши уникатната и предзивикувачка фискална година“, пренесува The Verge.

Бонусот ќе го добијат сите вработени и во САД и во странство, а ќе важи за сите оние кои се вработени пред 31-ви март 2021 година, вклучувајќи и оние со полно и со скратено работно време.

Microsoft има 175.508 вработени низ целиот свет, но бонусот нема да важи за вработените во LinkedIn, GitHib и ZeniMax иако и тие се под “капата“ на технолошкиот гигант.

Софтверската компанија го следи примерот на другите големи компании, вклучувајќи ги Facebook којшто на своите 45.000 вработени им исплаќа понуди од по 1.000 долари и Amazon којшто им исплати по 300 долари бонус на вработените во првата линија, кои се најмногу изложени на ризик од пандемијата.

Фото: Pexels