Microsoft најави затворање на 7.800 работни места

47

microsoft

Технолошкиот гигант Microsoft најави затворање на 7.800 работни места, во најголем дел поврзани со бизнисот со паметни телефони, пишува Usa Today.

“Се откажуваме од стратегијата за започнување и водење на сопствен бизнис со мобилни телефони и креираме стратегија на раст и креирање на успешен Windows екосистем, којшто ги интегрира мобилните уреди како и досега“, изјави извршниот директор на Microsoft, Сајта Надела.

Овој потег следи откако компанијата го промени извршниот тим за да ги зајакне своите активности. Поранешниот директор на Nokia, Стефан Елоп е отпуштен, додека потпретседателот Тери Маерсон го презеде водењето на мобилната дивизија.