Microsoft најави затворање на мрежата LinkedIn во Кина

72

Microsoft објави дека ќе ја затвори локалната верзија на LinkedIn во Кина, која е последната голема американска социјална мрежа што продолжи да работи во таа земја.

Во соопштението на Microsoft се наведува дека LinkedIn ќе биде затворен поради „значително потешко деловно опкружување и зголемени барања за усогласеност со новите прописи во Кина“, пренесува CNBC. Наместо тоа, американскиот технолошки гигант ќе отвори веб – страница за барање работа во Кина.

LinkedIn беше лансиран во Кина во 2014 година со ограничени карактеристики дизајнирани да се усогласат со построгите закони за интернет во земјата. Новата платформа на Microsoft во Кина, наречена „InJobs“, нема да вклучува социјални содржини ниту ќе им дозволи на корисниците да споделуваат објави или статии.