Microsoft не може да го заштити логото на Skype во Европа

21

Skype-Sky

Технолошката компанијата Microsoft загуби уште една рунда во битката со британската телекомуникациска компанија Sky бидејќи го користи името Skype, пишува порталот Cnet.com.

Европскиот суд донесе одлука дека Microsoft не може да го заштити името и логото на Skype во Европа бидејќи премногу личи на логото на Sky, кое кога започна спорот пред 10 години, го носеше името British Sky Broadcasting Group.

“Судот го отфрли предлогот на Skype и на тој начин потврди дека постои можност да има забуна меѓу имињата Sky и Skype“, стои во официјалното соопштение од Генералниот суд на Европската унија.