Microsoft одлучи да им дозволи на своите вработени да работат трајно од дома

49

Microsoft одлучи да им дозволи на своите вработени да работат трајно од дома, но оние кои ќе се одлучат да го сторат тоа ќе мора да се откажат од работниот простор во просториите на американскиот гигант, објави Тhe Verge.

Додека огромното мнозинство на работници во Microsoft работи од дома поради пандемијата, производителот на софтвер внатрешно ги откри упатствата за “хибридното работно место“ за да овозможи поголема флексибилност кога ќе се отворат канцелариите во САД.

Интернет-гигантот имаше 163.000 вработени на 30 јуни, од кои 96.000 во САД.

“Microsoft ќе им овозможи на вработените да работат од дома помалку од 50 проценти од работната недела, а на менаџерите да работат од далечина трајно“, пишува The Verge.

Microsoft го прифати тој систем замислен во високотехнолошки сектор, како што Facebook овозможува постојана работа од дома. Сепак, вработените ќе мора да се откажат од работните канцеларии, но ќе можат да ги користат просторите за контакт во канцелариите на компанијата.

“Пандемијата не принуди да размислуваме, да живееме и да работиме на нов начин. Но, некои работни места нема да може да се вршат далечински цело време, како што се оние што бараат пристап до лабораторија за истражување на софтвер, центри за податоци или обука на персоналот“, забележа Кетлин Хоган, извршен директор во Microsoft.

Канцелариите на Microsoft нема да бидат отворени до јануари 2021 година.