Microsoft претстави лаптоп од 250 долари со Windows SE

21

Microsoft го претстави најприфатливиот лаптоп од линијата Surface. Станува збор за Surface Laptop SE моделот, наменет за ученици и студенти, кој чини само 250 долари.

Лаптопот доаѓа со „лесниот“ оперативен систем Windows 11 SE, нова платформа што Microsoft ја претстави претходно оваа недела и апликациите Microsoft 365 за образование.

Surface Laptop SE има 11,6-инчен дисплеј со резолуција од 1366×768 пиксели и HD камера од 720p. Основниот модел има процесор Intel Celeron N4020, 4 GB RAM и 64 GB меморија eMMC.

Microsoft лансираше и верзија на лаптопот со процесор Celeron N4120, 8 GB RAM и 128 GB простор. Surface Laptop SE поддржува безжична комуникација со Wi-Fi (802.11ac) и Bluetooth 5.0 LE. Тежината на лаптопот е само 1,11 кг.