Во обид да ги детектира емоциите на луѓето, Microsoft лансираше софтвер што според производителот може да препознае осум емоции на човечкото лице: лутина, гадење, презир, страв, среќа, тага, изненадување и неутрално (без емоции), пишува CBC.
Сè што треба да направите е да прикачите ваша фотографија на веб страната на Microsoft Project Oxford каде се хостирани неговите бета алатки.
Со користење на Emotion Recognition, софтвер што препознава лица и вештачка интелигенција, алатката ќе прикаже низа на броеви во обид на означи колку некоја од осумте емоции е застапена кај личноста на фотографијата.
Сепак, корисниците не очекуваат голема прецизност со оглед на тоа што претходната слична алатка на компанијата за детектирање на годините не ги даде очекуваните резултати.
Иако од Microsoft не прецизираат колку фотографии биле искористени за да се “истренира” системот, велат дека резултатите се базирани на фацијални експресии од повеќе култури што важат насекаде.
Како и повеќето вакви слични софтвери, така и Emotion Recognition е дизајниран да станува сè попаметен како што добива информации.