Microsoft развива екран на допир што сам се чисти од бактерии

32

Smartphone-in-Hand

Паметните уреди на допир се вистински “рај“ за ширење на бактерии, вируси и различни заболувања. Од таа причина, технолошкиот гигант Microsoft патентираше технологија преку која екранот на допир сам може да се исчисти од сите потенцијални опасности, пишува IT Pro Portal.

Во апликацијата за патент, Microsoft потенцира дека екраните на допир се прекриени со потенцијални опасности, но за да се намалат ризичните фактори не значи да се сведе на минимум употребата на овие уреди.

Microsoft-self-cleaning-touchscreen-patent

Microsoft планира да користи UV зраци што автоматски ќе го дезинфицираат екранот, користејќи внатрешна рефлексија со цел корисникот да биде сигурен дека не е изложен на UV зрачење.

Не е познато дали и кога оваа нова технологија ќе се имплементира на уредите на Microsoft.