Microsoft склучи договор од 10 милијарди долари со Пентагон

35

Технолошката компанија Microsoft обезбеди договор со Пентагон вреден 10 милијарди долари, за компјутерски cloud услуги, пишува Reuters.

Со овој договор, компанијата на Гејтс го престигна Amazon, којшто, исто така, бил еден од кандидатите за склучување на овој договор.

Десетгодишниот договор за проектот Joint Enterprise Defense Infrastructure (JEDI) има за цел поврзување и делење на информации меѓу повеќе сегменти во војската во еден систем, што може во реално време да се пребарува со помош на вештачка интелигенција.

Фото: Pixabay