Microsoft склучи договор вреден 21,9 милијарди долари со американската војска

109

Microsoft победи на тендерот на американската војска за набавка на лична опрема базирана на технологија на проширена реалност, обезбедувајќи нарачки чија вредност во следните 10 години би била 21,9 милијарди долари.

Компанијата две години соработувала со војската за изработка на прототип на “интегриран систем за визуелно зголемување“, а веќе е почната фаза на производство,

Станува збор за очила што се проектирани да создаваат “проширена перцепција за состојбата во којашто се наоѓа лицето, овозможувајќи му размена на информации и донесување одлуки во различни сценарија“.

Очилата, како што пренесува Ројтерс, ќе се произведуваат во САД.

Microsoft со Пентагон би требало да потпише и договор за услуги во “облак“ вредни 10 милијарди долари, но таа работа е спорна поради тужба на Amazon.

Фото: Pexels