Microsoft веројатно ќе го назначи Сатја Надела за извршен директор

62

SanjayБордот на Microsoft се подготвува да го назначи Сатја Надела, кој сега е на позицијата потпретседател, за нов генерален директор на компанијата, јавува Блумберг.

Надела (46) се истакна како најсилен кандидат да го замени Стив Балмер (57), велат за Блумберг луѓе упатени во случувањата во компанијата.

Промената на лидерската позиција се случува во многу значаен момент за компанијата, кога Microsoft се отрга од своите корени, од производство на софтвер и се фокусира на хардвер и сервиси базирани на интернетот.

Портпаролот на Microsoft, Франк Шо, одбил да даде коментар.

До сега Microsoft во својата историја имал само двајца извршни директори, Бил Гејтс и Стив Балмер. Надела во компанијата е од 1992 година и имал водечка улога во cloud сервисите, сервери, интернет пребарување и бизнис апликации.