Midea Group размислува за преземање на Electrolux

67

Кинескиот произведувач на домашни апарати Midea ја истражува можноста за преземање на шведскиот бренд за домашни апарати Electrolux , и покрај потенцијалното противење на европската политика, што го поттикна скокот на цената на акциите на Electrolux во вторникот на европските берзи за повеќе од 6 отсто.

Од Midea воспоставиле прелиминарен контакт изминатите седмици со претставниците на шведската компанија во врска со можно преземање, извести деловната агенција Bloomberg News извори запознаени со темата.

Во Electrolux засега не го прифатиле тој предлог, додале соговорниците.

Кинеската компанија веќе извесен период е заинтересирана за Еlectrolux и би сакала исклучително пријателски договор. И другите азиски произведувачи на домашни уреди, вклучително и јужнокорејскиот Samsung Electronics, исто така, ја меркале оваа шведска компанија.

Пазарната капитализација на Electrolux кон крајот на минатата седмица изнесуваше 4,3 милијарди американски долари, а на Midea околу 58 милијарди долари.

Евентуалниот договор за преземање ќе претставува тест за способностите на некоја кинеска компанија да реализира странска аквизиција во екот на растечкиот протекционизам во Европа и САД, како последица од зголемените геополитички тензии меѓу Пекинг и Западот, иако машините за миење садови или ладилниците не би требало нужно да се сметаат за национален безбедносен ризик.

Со купувањето на шведски Electrolux, кинеска Midea само би ја проширила својата листа странски аквизиции. Компанијата со седиште во Фушан во провинцијата Гуадонг, во 2016 година ко купи контролниот удел во одделот за домашни апарати во јапонска Toshiba.

Фото: Facebook