Migo – преносен 3D печатач

64

80b33aa1514c81085966d23ef55cf373_original

Фото: Kickstarter

Старт –  ап од Кина создаде преносен персонален 3D печатач. Migo е со димензии 155 x 195 x 270 милиметри, изработен е од алуминиумска рамка и компоненти и е поврзан со интернет. Платформата за печатење е со големина 100 x 120 x 100 милиметри односно, 28% од целата површина на уредот.

Migo тежи само 2,5 килограми што го прави лесен за носење каде што ќе посака корисникот. Опремен е со TYPE – C технологија, што се користи кај високопрецизните 3D десктоп печатачи. Тоа овозможува вклучување и инстант печатење.

Migo не е само 3D печатач, главата за печатење може да се замени со ласер чија јачина изнесува 500 мегавати. Тој може да изгравира што ќе посака корисникот на различни површини како дрво, кожа, пластика, храна, меки ткаенини и друго. Печатачот е поврзан со интернет преку Wi – Fi и секоја информација може да се прикачи на процесор.

Производот има своја кампања на платформата Kickstarter каде остануваат уште 20 дена за финансиска поддршка. Migo досега има собрано 103.393 долари од потребните 100.000. Тимот се очекува да ги направи првите испораки следното лето.