Мигранти во БиХ ќе произведуваат антибактериски сапуни и маски

33

Во Босна и Херцеговина група мигранти се дел од организирана едукативна работилница за изработка на антибактериски сапуни и шиење заштитни маски, пренесуваат тамошните медиуми.

Првата работилница е одржана на почетокот на септември, на којашто учествуваа жени мигранти од Иран, Ирак и Авганистан. Тие на работилницата се запознале со технологијата на изработка и состав на антибактериските сапуни и изработка на заштитни маски.

Веќе на следната работилница ќе научат како се изработуваат овие сапуни за да можат самостојно да ги произведуваат за потребите на кампот, каде што се сместени.

Фото: Pexels