Брзиот начин на живот ги принудува луѓето да бараат поедноставни решенија на секојдевните проблеми со кои се соочуваат. Затоплувањето вода за чај или кафе наутро на многумина им одзема многу време, а од друга страна се троши и повеќе електрична енергија. Решението на овој проблем е уредот Miito.
Станува збор за производ, што беше претставен на Неделата на дизајнот во Холандија, кој со помош на индукциска плоча ја загрева водата, без да ја затоплува и шолјата.
Идејата доаѓа како резултат на истражување што покажало дека загревањето на вишокот вода во еден електричен бокал за еден ден целиот свет троши енергија со која би можеле да се осветлат сите улици во Велика Британија.
Освен вода, со Miito може да се загрее и супа или чаша млеко. Овој изум е едноставен за користење бидејќи доволно е да се постави садот на индукциската база и во нејзе да се постави стапчето со грејачот. Штом се спушти или подигне стапчето од базата, тој автоматски се вклучува или исклучува, за да се заштеди повеќе енергија.