MiiXR – иновативен миксер на којшто може да се полнат мобилни телефони

23

mixxr-kickstarter

MiiXR е иновативен уред што има повеќе функции, а преку којшто корисникот може да си го наполни и мобилниот телефон или таблет.

Миксерот ги меша состојките, преку посебна технологија, за помалку од пет секунди. Опремен е со две батерии, има и USB и микро USB приклучок, а неговиот ергономски дизајн го прави да биде лесен за користење.

Миксерот може да се добие во две варијанти – со и без USB приклучок. Препорачаната цена за обичниот миксер е 29,99 долари, а доколку корисникот сака да го полни и својот мобилен на MiIXR во тој случај за него би требало да плати 59,99 долари.

Зад дизајнот на овој миксер стои американскиот старт – ап PROMiXX, којшто на глобалната платформа за групно финансирање, Kickstarter, бара поддршка од 30.000 долари.