Миланo планира да го укине сообраќајот во центарот: Три категории изземени од забраната

Милано, еден од најпрометните градови во Италија, предложи забрана за автомобили во неговиот центар.

Ако добие зелено светло, мерката ќе стапи на сила во 2024 година.

Овој италијански град се смета за еден од најзагадените градови во Европа. Нивоата на микрочестички во Милано се речиси четири пати поголема од безбедната количина.

За да се спроведе забраната, долж Corso Venezia ќе бидат поставени камери за да го снимаат сообраќајот и да спречат влез на приватни автомобили.

Оние кои ќе ја игнорираат забраната ќе бидат казнети.

Од мерките ќе бидат ослободени оние кои имаат гаража во центарот, таксистите и градскиот превоз.

Градоначалникот на Милано, исто така, сугерираше дека ќе следат повеќе реформи од овој вид.

Тој рече дека многу модни куќи во областа каде што ќе се спроведува забраната го поддржаа неговиот предлог и дури предложија зоната да се претвори во пешачка.