Милер: Нема гаранции дека Европа ќе ја преживее зимата

130

Шефот на Гаспром, Алексеј Милер, во средата изјави дека „нема гаранции“ дека Европа ќе ја преживее претстојната зима со постојните резерви на гас.

Милер побара и гаранции за понатамошната работа на гасоводот Северен тек.

„Европската унија и Германија мора да дадат јасен политички одговор дека се заинтересирани и дека сакаат да ги обноват тие врски и да дадат гаранции“, рече тој.