Милијардер подари компанија вредна 3 милијарди долари: „Земјата е нашиот единствен акционер“

70

Компанијата Patagonia, која продава облека за планинарење и активности на отворено во повеќе од 10 земји, е предадена на добротворен фонд за борба против климатската криза.

Имено, сопственикот на компанијата Ивон Чојнард одлучил компанијата вредна околу три милијарди долари да ја посвети на проекти и организации за заштита на природата.

Во писмото за одлуката, објавено на веб-страницата на Patagonia во средата, Чојнард напиша:

„Додека правиме сè од себе за да ја решиме еколошката криза, тоа не е доволно. Требаше да најдеме начин да вложиме повеќе пари во борбата против кризата, а истовремено да ги задржиме вредностите на компанијата непроменети. Една опција беше да ја продадеме Patagonia и да ги донираме сите парите. Но, не можевме да бидеме сигурни дека новиот сопственик ќе ги задржи нашите вредности или ќе го задржи нашиот тим од луѓе ширум светот вработен“, вели Иван на почетокот на своето обраќање и додава:

„Другиот начин беше да се изнесе компанијата во јавност. Каква катастрофа ќе беше тоа. Дури и добронамерните јавни претпријатија се под преголем притисок да генерираат краткорочни профити на сметка на долгорочната виталност и одговорност.

Затоа, акциите на приватната компанија сега ќе бидат во сопственост на фонд фокусиран на климата и група непрофитни организации, наречени Patagonia Purpose Trust и Holdfast Collective.

„Секој долар што нема да се реинвестира назад во Патагонија ќе биде распределен како дивиденда за заштита на планетата“, додава сопственикот на компанијата во своето обраќање.

На овој начин, Патагонија очекува да генерира и донира околу 100 милиони долари годишно во зависност од здравјето на бизнисот.

Откако ги извести своите вработени за потегот во средата, компанијата ја ажурираше својата веб-страница на која пишува „Земјата сега е наш единствен акционер“, пишува Cnbc.