Милијардери како Блумберг и Гејтс се оданочуваат со пониска стапка од Американец, кој заработува 45.000 долари

55
Милиони Американци од средната класа веројатно ќе плаќаат повисоки даноци од 400-те најбогати луѓе во земјата – како дел од приходот, а не во парична смисла.

Ова го покажуваат неодамна објавените податоци на истражувачкото издание ProPublica.

Минатата година ProPublica објави дека истражувала бројни податоци на Федералната даночна служба на САД за најбогатите луѓе во Америка. Изданието истакнува дека најбогатите луѓе во земјата користат низа методи за да ги намалат даноците.

Најновиот извештај на ProPublica ја прикажува просечната заработка на 400 најбогати луѓе годишно (од 2013 до 2018 година) и колку тие плаќаат. Не е изненадувачки што податоците покажуваат дека Американците со највисоки приходи не плаќаат највисоки даноци на доход. Најбогатите 400 луѓе плаќаат данок на доход од 22%, додека луѓето кои заработуваат од 2 до 5 милиони долари плаќаат данок на доход од 29%.

Ова може да се објасни со фактот дека најбогатите во Америка не добиваат најголем дел од приходите од плати. Нивното богатство доаѓа од средствата што ги поседуваат, како акции и недвижен имот. „ProPublica“ забележува дека нивниот приход доаѓа од продажбата на овие средства, кои се оданочуваат по многу пониска стапка од платите.

„Голем дел од приходот на најбогатите луѓе никогаш не се оданочува“, изјави за Business Insider Чак Мар, директор за федерална даночна политика во Center on Budget and Progressive Priorities.

Сепак, поинтересна е разликата во платите. Иако богатите сè уште плаќаат повисок данок од обичните работници, Американците со пониски примања плаќаат поголем процент од своето социјално осигурување и даноци.

Даноците на плати ги погодуваат претежно вработените со ниски и средни примања“, објави „ProPublica“. На пример, работникот кој заработува 45.000 долари се оданочува со 21%, додека првите 25 најбогати луѓе имаат вкупна даночна стапка од 16% на приходот. Меѓу нив се милијардерите Мајкл Блумберг и Бил Гејтс.

Ова не е сосема ново откритие, но неодамна ова прашање предизвика политички контроверзии. Неодамна, претседателот на САД предложи минимален данок на доход на милијардерите од 20%, што ќе влијае на приходите и нереализираните капитални доходи на американските домаќинства во вредност од повеќе од 100 милиони долари. Во својата изборна кампања тој најави дека сака да ја зголеми стапката на корпоративниот данок на 28%.

Досега, сепак, тоа не е случај.

Сенаторот Џо Манчин од Западна Вирџинија практично го уби предлогот на Бајден, тврдејќи дека луѓето не треба да се оданочуваат за ништо друго освен за нивната заработка.