Милијардери кои живеат “нормално“ – донираат, сами се потстрижуваат, не летаат во прва класа

63

Според магазинот Forbes, во светот има вкупно 2.775 милијардери, што е за 660 повеќе од минатата година. На таа листа првото место го зазема Џеф Безос, кој е “тежок“ 201,8 милијарди долари, веднаш зад него е Илон Маск со 167,3 милијарди долари. Богатството на сите милионери во светот вреди 13,1 трилиони долари, што е за 5.000 милијарди повеќе отколку во 2020 година.

Нивната банкарска сметка е поголема од бруто домашниот производ на одредени земји, но тоа не ги спречи да живеат нормален живот.

Еден од луѓето во светот кој може да се пофали со богатство од 101 милијарда долари Ворен Бафет, води прилично нормален живот. Тој сè уште живее во Небраска во куќа што ја купи пред повеќе од 50 години, за нешто повеќе од 30.000 долари. Неговата венчавка со втората сопруга беше скромна.

Интересен пример е Чак Фини, кој претходно имаше богатство од седум милијарди долари, но денес живее со “само“ два милиони долари затоа што, како што рече, неговата намера е да работи напорно, а не да се збогати енормно.

Професорот од Стенфорд, Дејвид Черитон се збогати со акциите на Google и нема намера некогаш да живее живот на милијардер. Черитон живее во истата куќа во Пало Алто во последните 30 години и сам ја потстрижува косата, иако неговото богатство се проценува на 10,5 милијарди долари.

Основачот и извршен директор на Hobby Lobby, Дејвид Грин не лета во прва класа кога патува за деловни активности, а поголемиот дел од своето богатство од осум милијарди долари го троши на добротворни цели. Тој е еден од најголемите донатори за христијански цели, со сума од над половина милијарда долари.

Еден од најбогатите луѓе во Индија, претседателот на Wipro, Азим Премџи, е познат по својата фокусирана грижа за имотот на компанијата. Иако има девет милијарди долари, тој ја следи потрошувачката на тоалетна хартија и ги исклучува светлата при напуштање на канцеларијата во неговата компанија. Патува со рикша од и до аеродром.

Илон Маск, како што вели, ги продал сите негови  недвижнини освен една. Основачот на Теsla и Space X се пресели во монтажна куќа од 37 квадратни метри со пазарна вредност од околу 50.000 долари.

Фото: Pixabay