Милијарди евра за спас на Гаспром Германија

57

Германија се подготвува да усвои пакет од пет до десет милијарди евра за „Гаспром Германија“, енергетска компанија која ја напушти рускиот „Гаспром“, објави  „Блумберг“ повикувајќи се на упатени извори.

Спасувањето на компанијата би можело да следи веќе оваа недела, а парите ќе ги позајми државната KfW банка. Разговорите се во тек, па планот може да биде променет, се вели во извештајот.

Портпаролите на германската влада и KFW банката одбија да коментираат.

Неименуван извор рече дека германските министерства за финансии и економија составиле програми во март и април за поддршка на компаниите погодени од конфликтот во Украина.

Гаспром Германија работи во неколку земји, но компанијата е фокусирана на трговија, складирање и пренос на гас во Германија, чиј пазар на гас е најголем во Европа.

Оваа компанија има потреба од финансиска поддршка за да ја задржи клучната улога на регионалниот пазар на гас.