Милионер треба да сруши замок вреден 64 милиони долари, заборавил една “ситница“

188

Британскиот милионер Патрик Дитер и неговата сопруга Моника сакале да купат вила во Тоскана, но наместо тоа решија да изградат сопствен замок во тоскански стил, на југот на Франција. Оваа огромна вила, наречена Дитеров замок има 18 апартмани, две места за слетување на хеликоптери, базен и  градини. Но, се чини дека овој имот нема да стои на ова место долго време.

Францускиот суд ја потврди пресудата од 2019 година, во која се вели дека овој замок е изграден нелегално и кој му наложува на Дитер да го сруши во следните 18 месеци. Судот утврди и казна дека семејството, освен што треба да плати 550.000 долари, ќе треба да даде и дополнителни 600 долари на ден, доколку дворецот не биде урнат до јуни 2022 година.

Дитер се бори со години да го задржи овој замок вреден 64 милиони долари, а казните само се натрупуваат. Во март 2019 година, апелациониот суд во Франција донесе одлука дека замокот е изграден без дозвола на заштитено шумско подрачје. Но, две години подоцна, со стотици платени казни, милионерот сè уште не е подготвен да прифати пораз.

Најавил дека ќе го турка овој случај до Европскиот суд за човекови права. Дитер го градел замокот 11 години, до 2011 година. Забавите во замокот порано собираа 2.000 луѓе, гостите доаѓаа со автомобил или хеликоптер, а на соседите им пречеше звучниот систем со 132 огромни звучници поставени низ целиот имот. На рочиштето во 2016 година, Дитер рече дека заборавил да побара одобрение за градење и дека ги игнорирал наредбите за запирање на градбата.

Фото: Facebook