Милиони невработени Американци остануваат без надоместок

54

Милиони Американци ќе останат без надоместок за невработени поради политичкиот судир поврзан со пакетот мерки за државна поддршка од 900 милијарди долари.

Американскиот претседател, Доналд Трамп одби да го потпише законот за новиот пакет помош доколку не биде променет, но неговите предлози ги блокираат и републиканците и демократите, пишува ВВС.

Трамп бара зголемување на еднократната помош за населението од 600 на 2.000 долари и намалување на средствата за странска помош.

Републиканците го одбиле тоа барање, додека демократите ги блокирале обидите на републиканците во сојузниот закон да се укине странската помош.

На невработените главоболка им создава и истекувањето на мораториум за принудно иселување од становите, што не може да се продолжи доколку законот не биде усвоен.

Овој застој ќе им направи проблем на околу 14 милиони Американци.

Фото: Freepik