Минатата година беше најуспешната година за американските казина

18

Комерцијалните казина во САД  заработиле 66,5 милијарди долари во 2023 година, најдобрата година во индустријата досега, соопшти Националната трговска асоцијација.
Американското здружение за игри соопшти дека вкупниот број е за 10 отсто поголем од 2022 година, што исто така беше рекордна година, објави АП.

Кога приходите од казина ќе бидат објавени подоцна оваа година, се очекува вкупниот профит од коцкање да донесе скоро 110 милијарди долари во американските казина во 2023 година, според АП.

– Од традиционалното казино до онлајн коцкањето, побарувачката на возрасните Американци за вакви игри беше поголема од кога било – изјавил претседателот на здружението Бил Милер, пренесува Танјуг.

Тој посочи дека на почетокот на минатата година инфлацијата била висока, но како што одминувало времето „почнала да се намалува, а потрошувачите да трошат“ и резултатот бил рекордна година за гејмерската индустрија.

АП објави дека слот машините донеле заработка од 35,51 милијарди долари во 2023 година, што е за 3,8 отсто повеќе од 2022 година, додека игрите на маса заработиле 10,31 милијарди долари, што е за 3,5 отсто повеќе.

Спортското обложување оствари приход од 10,92 милијарди долари, што претставува зголемување од 44,5 отсто.