Минатиот месец од Швајцарија во Турција се извезени 58,3 тони злато

74

Швајцарија минатиот месец во Турција извезла 58,3 тони злато во вредност од 3,6 милијарди долари. Според записите кои датираат од 2012 година, ова е убедливо најголемото количество злато извезено за еден месец.

Златото традиционално се смета за најбезбеден начин за зачувување на богатството, а турската побарувачка за овој благороден метал е зголемена поради енормно високата инфлација, т.е. пад на вредноста на домашната валута.

Како што пренесува агенцијата Ројтерс, Швајцарија е најголемиот светски центар за преработка и транспорт на златни прачки. Минатата година во Турција испорача 188 тони злато во вредност од речиси 11 милијарди долари. Претходната година и доставила 11 тони злато.

Според податоците од Швајцарија, месечниот извоз на злато во Турција никогаш досега не бил поголем од 34 тони. Нејзиниот зголемен увоз го влошува дефицитот на тековната сметка на Турција, кој минатата година се искачи на 48,8 милијарди долари.

По разорните земјотреси на почетокот на овој месец, Турција одлучи да го намали количеството увезено злато во земјата. Минатиот месец, швајцарскиот извоз на злато во Турција учествуваше со 42 отсто од вкупниот извоз на швајцарско злато. Во јануари беа извезени 3,2 тони во Индија, што е најниско од мај 2021 година, додека 26,1 тони беа извезени во Кина, што е најниско мај од 2022 година.

Индија и Кина се двата најголеми потрошувачи на пазарот на злато. Побарувачката за злато често се зголемува кога неговата цена е ниска, а паѓа кога цената расте. Цената на овој благороден метал до вчера изнесуваше 1.840 долари за унца, додека во ноември минатата година беше 1.615 долари за унца, што беше рекордно ниска цена, пренесува Ројтерс.