Минхенска пивница ќе добие отштета од осигурителна компанија поради короната

119

Германски суд пресуди дека осигурителна компанија која стои зад еден минхенски ресторан ќе мора да му исплати отштета, за загубите предизвикани на почетокот од оваа година поради карантинот.

Ова е прв ваков случај во Германија, во којшто судот донесе пресуда во корист на обвинителот. Според извештајот на Ројтерс, Versicherungskammer Bayern мора да плати 1,1 милиони евра на операторот на Augustiner Keller, една од најголемите пивници во градот, според пресудата на Минхенскиот регионален суд.

Одлуката е донесена на први октомври 2020 година. Осигурителната компанија соопшти дека ќе се жали на пресудата, додека германската лоби група GDV соопшти дека пресудата во Минхен нема никакви импликации за другите нерешени случаи.

Фото: Pixabay