Mini hug – апликација на седумгодишно девојче за родителите да поминуваат повеќе време со децата

18

mini hug in

Децата се повеќе ги користат напредните технологии, но воопшто не чуди доколку и тие се вклучат во нивното креирирање. Пример за тоа е седумгодишната Лиа, која ја создаде апликацијата Mini hug, пишува Techinasia.

minihug

Станува збор за концепт наменет за родителите кои се презафатени со обврски и поминуваат се помалку време со нивните деца. Целта на апликацијата е да им помогне на таквите родители да поминуваат квалитетно време со нивните деца.

“Пред една година мојата ќерка ми кажа дека има идеја за креирање на апликација. Таа имаше само шест години, а јас бев зачуден. Таа сакаше да направи апликација што ќе им помогне на другите деца, почнувајќи од нејзините другарчиња, чии родители се премногу зафатени со обврски на работното место“, вели таткото на седумгодишната Лиа, Ерван Мејс.

Апликацијата е едноставна и им помага на родителите да бидат во тек и да го следат бројот на часови и активности што ги поминале со нивните деца. Оние родители кои поминале повеќе и поквалитетно време со нивните деца ќе добијат и соодветна награда за тоа.