Минималната плата ќе се зголеми во вториот квартал годинава

152

Минималната плата во текот на 2022 година ќе се зголеми минимум на 18.000 денари, потврди денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

„Согласно проекциите и анализите кои се направени тоа ќе се случи најверојатно во вториот квартал од годинава“, рече Бектеши во одговор на новинарско прашање при денешната посета на Бирото за метрологија.

Претходно Сојузот на синдикати информира дека со Владатаза ова прашање ќе има средба на 24 јануари .

Од синдикатот бараат итно зголемување на минималната плата на 18.000 денари и скалесто зголемување на сите останати плати, а нивно барање е и утврдување на правото на регрес во јавниот сектор.