Минималната плата ќе расте во март согласно економските параметри

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши останува на ставот дека минималната плата ќе се зголеми во март кога ќе се изврши нејзино усогласување согласно утврдената методологија.

Во одговор на пратеничко прашање за зголемување на минималната плата на 600 евра, Дурмиши ја обвини опозицијата дека прави политички маркетинг.

– Нема потреба од политички маркетинг. Ние не сме против зголемување на минималната плата, но таа треба да се зголеми врз основа на економските параметри – продуктивноста, трудовата моќ…., рече Дурмиши.

Рече дека никогаш не се откажале од разговори за платите и дека 20.000 работници во јавниот сектор ќе добијат зголемување на платите.

За платите на избраните и именувани лица, кои беа зголемени за 78 проценти со одлука на Уставниот суд, Дурмиши најави дека наскоро Владата ќе донесе одлука за замрзнување на овие плати.