Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека минималната плата во Турција во 2025 година ќе биде 22.104 турски лири (604 евра), што претставува зголемување од 30 отсто.
Економистите очекуваат зголемувањето на минималната плата, кое погодува околу девет милиони работници и се смета за репер за зголемување на платите во приватниот сектор, да ја зголеми инфлацијата во наредните месеци.
Според пресметките на Ројтерс врз основа на студиите на централната банка, зголемувањето на платите од 25 отсто би ја зголемило годишната инфлација за 1,5 до пет отсто.
Инфлацијата во Турција во ноември падна на 47,09 отсто од годишниот максимум од 75 отсто во мај, главно поради строгата монетарна и фискална политика, пренесува Танјуг.