Минималната потрошувачка кошничка во Црна Гора во мај чинела 739 евра

20

Минималната потрошувачка кошничка во Црна Гора во мај годинава чинела 738,9 евра, што е за 0,9 отсто повеќе од април, објави Заводот за статистика на Монстат.

Од вкупната вредност на минималната потрошувачка кошница, расходите за храна и безалкохолни пијалоци изнесуваат 339,8 евра, додека расходите за непрехранбени производи и услуги 399,1 евра, се вели во соопштението, пренесе порталот CdM.me.

Расходите за храна и безалкохолни пијалоци во мај 2022 година се зголемени за 1,5 отсто во однос на април, додека расходите за непрехранбени производи и услуги се зголемени за 0,4 отсто.