Minipresso – апаратче за брзо подготвување еспресо

215

minipresso

Голем број луѓе не можат да замислат денот да им започне без шолја вкусно и силно кафе. Но, поради големиот број обврски понекогаш е невозможно да се приготви кафето и да се ужива во неговиот вкус. Како решение на тој проблем се појавува апаратчето за подготвување еспресо – Minipresso, изум на старт – ап компанијата Wacaco од Хонг Конг.

За да се направи еспресо со ова апаратче не е потребна електрична енергија, туку се управува рачно, па затоа е практичен за патувања, излети и за употреба во канцеларија.

minipresso 1

Во апаратчето се става кафе и врела вода и се што е потребно за да се добие шолја кафе е да се притиска пумпата од 13 до 28 пати, во зависност од желбата за кратко или продолжено еспресо.

Рачната пумпа го зголемува притисокот преку кој водата продира во комората во која стои кафето, на осум бари, што произведува шолја еспресо на “совршена температура“ од 66 степени.

minipresso 2

Minipresso има висина од 18 сантиметри и тежина од околу 400 грама, со што е погоден за носење во чанта.

Се очекува да биде пуштен во продажба на почетокот на следната година.