Министрите од Г-20 го поддржаа финансирањето на Светската здравствена организација

64

Вчера, на состанокот со кој претседава Бразил, министрите за здравство на земјите од Г20 поддржаа нова рунда инвестиции во рамки на финансирањето на Светската здравствена организација (СЗО).

Министрите ги повикаа сите членки и партнери да придонесат во првиот круг на финансирање за инвестирање во новата глобална здравствена стратегија на СЗО, чија цел е да го подобри животот на милијарди луѓе и да спаси 40 милиони животи, објави СЗО.

Директорот на СЗО, Тедрос Адам Гебрејесус изјави дека досега на овој начин се обезбедени една милијарда долари и дека 63 земји се обврзале да дадат свој придонес.