Mirazur прогласен за најдобар ресторан во светот

53

Ресторанот Mirazur, лоциран на Француска ривиера, е прогласен за најдобар ресторан во светот на овогодинешната манифестација World’s 50 Best Restaurants што се одржа во Сингапур, пишува Reuters.

Минатата година истиот ресторан, којшто е со три Michelin ѕвезди беше на третото место, но годинава го симна од тронот италијанскиот Osteria Francescana.

Менито на Mirazur е во најголем дел инспирирано од морето и планините, а во јадењата се користат намирници произведени во сопствени градини што се протегаат на три нивоа.

Наградата ја прими главниот готвач и сопственик Мауро Колагреко, со потекло од Аргентина, во придружба на својот тим.

Со новите измени од годинава, повеќе нема да можат да учествуваат ресторани што биле на првата позиција на листата.

Ре-отворениот Noma во Копенхаген дебитираше на втората позиција, додека три шпански ресторани Asador Etxebarri, Mugaritz и Disfrutar си обезбедија место во топ десет.

Фото Mirazur